Четворица кандидати за тренер

Ракомет

Машкиот суперлигаш РК Прилеп најави ангажирање на професионален тренер, кој ќе биде шеф на Стручниот штаб, а за тоа место засега кандидати се четворица истакнати стручњаци. Имињата не се споменуваат, но доброупатените тврдат дека предвид се земени: некогашен селектор, врвен репрезентативец, тренер докажан во странство и тренер кој водел екипа во лигата на шампионите. Клубот ќе преговара со четворицата, а потоа ќе одлучи кој ќе седне на клупата во претстојната сезона. Од играчкиот кадар, неизвесно е останувањето на шестмината ракометари отстрана, Божиновски, Михајлоски, Димитровски, Талевски, Митревски и Мојсоски. Од друга страна, најавени се засилувања, а приоритет се голманската и десната бековска позиција. Во предност се домашните, повратниците, но не е иклучено доаѓање и на странци.

Прилеп е нужно да биде посилен од лани. Затоа што лигата е посилна со новите Борец и Вардар два, покрај Зомимак, Радовиш, Пролет, Металург, Пелистер, Охрид и Работнички.

Loading