Следната недела почнуваат градежните работи за реконструкција на железничката станица. Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, веќе го потпиша одобрението за градба.
Предвидена е целосна замена на дотраените покриви и подовите, санирање на фасадите, а во внатрешноста поставување на нова термичка изолација и нови тоалети. Реконструкцијата ја опфаќа внатрешното и надворешното осветлување и поставување на системи за греење и ладење и противпожарна заштита. Со зафатот станицата ќе стане попристапна за лицата со намалена подвижност и ќе се модернизира патничкиот информативен систем.
Инвестицијата е 2,2 милиони евра.