Со пиво во светот на мажите

Zlaten dab vo stilot na amerikanskite reklamiПриказната од средниот век во Шкотска каде голема група жени се обидува да ги врати своите мажи дома е содржината на новата реклама за најдоброто македонско пиво Златен Даб. Откако не успеваат да пробијат во добро чуваниот замок, жените го користат најдобриот начин да влезат во светот на мажите – пивото.

– Златен Даб е бренд кој им раскажува сосема поинаква приказна на своите потрошувачи. Се обидуваме постојано да изненадиме со интерактивни кампањи, со креативност, бидејќи овој бренд сака да им даде повеќе на своите потрошувачи. На несекојдневен начин ја раскажуваме приказната за пивото, на сосема повозбудлив начин од секојдневието. Креативниот и инвентивен пристап го ценат потрошувачите. Успеавме да направиме голем исчекор на перцeпцијата и на очекувањата од Златен Даб. Високиот квалитет, поддржан на иновативен и интересен начин на комуникација, дава одлични резултати –  изјави Александар Чатлески, бренд менаџерот на Златен Даб.

Рекламата на интересен начин ја прикажува вечната борба меѓу мажите и жените, за слободата во врската, начинот на кој мажите се дружат со другарите, но и за нивната одговорност што ја имаат во домот пред своите девојки и жени. Златен Даб и овој пат ги поместува границите на креативната комуникација на брендот преку приказна за единственото пиво што ги урива табуата и границите меѓу различните светови.

Во овој најобемен рекламен проект снимен досега за македонски бренд, учествуваа повеќе од 200 статисти, со неколку продукциски екипи кои снимаа паралелно на повеќе локации.

Loading