Триумф на театарот

Вечерва завршува јубилејниот МТФ ,,Војдан Чернодрински,,

 Ivanov na Bitolskiot teatar na mTFСе спушта завесата на јубилејното 50 издание на МТФ ,,Војдан Чернодрински“ вечерва со доделувањето на наградите и изведбата на претставата ,,Солунски патрдии“ од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски на Драмскиот театар од 20 часот. Ќе остане забeлажан во историјата уште еден значен театарски празник.

Според уметничкиот директор Петар Темелковски, имаше плодна фестивалска година од повеќе аспекти – жанровски, генерациски, репертоарски, бидејќи се појавија многу млади актери, па и режисери.

Јубилејот е триумф. За театрологот д-р Јелена Лужина, МТФ е од огромно значење.

– Свесни биле и луѓето што го покренале пред 50 години. Ги предводел Илија Милчин. Во првата фестивалска програма, од 1965, тој како мото ја ставил фамозната реченица на Хамлет, која вели дека “театарот треба да е огледало на епохата”. Така пет децении, МТФ бил огледало на македонскиот театар – вели Лужина.

Тетарскиот критичар Тодор Кузманов смета дека фестивалот со златниот јубилеј напластил многу творечки вертикали.

-.Центарот на интересот е домашната драма, која се стимулира, се негува, се поддржува во смисла дека без национална драматургија нема ниту национален театар. Евидентен е растежот, но и изразувачките форми и процеси што се случуваат во флуидната драмска уметност или уметноста на мигот – тетарската претстава и актерската игра – истакнува Кузманов.

МТФ е чувар на македонскиот театар, за режисерот Љупчо Георгиевски.

– Се мерат силите од сите аспекти на театарскиот чин и придонесува луѓето да се ангажираат повеќе. Со самиот факт што гледаме што сме направиле, дава ретка пригода да споредуваме, да ги откриеме и личните и туѓите грешки или вредности, со кои ќе утврдиме до каде сме – вели режисерот.

Loading