Рикалоски на подготовки со Шпанци

Пинг – понг

Развојот на еден спортист бара соодветни вложувања, а таков е примерот со пингпонгарските надежи од Младост 96. Александар Рикалоски настапува на турнири и засилено се подготвува за Европското пионерско првенство. Учествуваше на меѓународниот во Штип и се врати со трето место. На турнирот во осумте најдобри се пласира и Дамјан Стојчев. Претстојниот викенд репрезентацијата со Рикалоски ќе оди на зелената маса во Сараево. Од 27 јуни до 4 јули предвидени се и заеднички подготовки во Србија со репрезентацијата на Шпанија.

Loading