Пурдеска судеше во Париз

Карате

Европскиот карате судија за кати и борби, Валентина Пурдеска, судеше на врвен настан – Европското првенство за региони во Париз. Се покажа и положи за повисоки лиценци, за кати се стекна со највисоката од европско ниво, а во борби напредува степен погоре. И остануваат уште две нивоа до врвот. Таа има највисока лиценца за борби за судијка во земјава.

Поради финансиски причини во Париз не патуваа Дамјан Ристески, Кирил Трајкоски и Огнен Тодороски, членови на Бонсаи, клубот од Пурдеска.

Loading