“Витаминка опен” во Хрватска

Голф

Надвор од границите на државава место има само за најдобрите компании, како Витаминка, докажан верен поддржувач на спортот и врвните натпреварувања. Името на фирмата беше испишано во насловот од меѓународниот голф турнир “Витаминка опен” во Запрешиќ, Хрватска. Значењето е во учеството на околу 40 голфери, кои го покажаа квалитетот, меѓу кои беа претставници на компании кои активно соработуваат со прилепскиот производствен гигант. Настанот е уште една потврда за развиената општествена одговорност на  Витаминка, која секогаш бара начини да спонзорира и поддржи најразлични културни, спортски и граѓански и иницијативи, и надвор од Македонија.

Loading