ПРОФЕСИОНАЛЕЦ ОД ГЛАВА ДО ПЕТИЦИ

Бесплатна објава

ВРЕМПЛОВ – ИЛИЈА ДИМОСКИ – МАЈСТОРОТ

(1939- 2011)

Zivot so topka -  Ilija Dimoski MajstorotИма фудбалери кои од почетокот на кариерата се искачуваат највисоко на сопственото локално фудбалско небо, а блескаат трајно без разлика дали останале во својата средина до крајот на играчката кариера или заминале без поздрав како тоа што го направи Илија Димоски – Мајсторот. Родум е од селото Забрчани. Дете на Победа, а израсна во зрел и “А” класа фудбалер на Раднички од Ниш. Стана вистински фудбалски велемајстор. Вториот професионалец од Прилеп што живеел исклучиво од фудбал.                                    

– Фудбал заиграв во 1956 година кај тренерот на Победа, Милорад Бела – Илиќ. Генерација со млади и квалитетни фудбалери како што беа Методија Крстески – Каше, Бранко Петкоски – Педано, Трајче Бошкоски – Чачоро и Томе Јакимоски – Гец, па поискусните Благоја Момироски – Келтане, браќата Лашкоски, К. Трајкоски, Атанасоски, Атески… – се потсети Димоски со српски акцент на поледното интревју.

Беше како гранит цврст и експлозивен како во одбраната, така и во нападот. Во Победа одигра 208 првенствени и куп натпревари и постигна 25 гола.

– Го напуштив омилениот клуб 1961 година со “Раднички” во Ниш и го загубивме и второлигашкиот статус. Не се вратив дома, а во Раднички играа имаше и дојдоа други Македонци, па и од Победа, кои, за жал, не останаа долго – велеше Мајсторот.

За нишкиот прволигаш одиграл 555 меча. Со дресот на Победа, со радост и емоции, се сеќаваше на средбата во Приштина и голот на Гец и влегувањето на Победа во Втората лига. Не го забораваше и дуелот со Нови Сад во Прилеп (0:0), кога Победа била грубо оштетена од судијата, кој не признал регуларен гол на Малинков. Победа испаднала од лигата.

– Од Приштина се враќавме, пеејќи и со организирана фешта, радост и солзи, а по неправдата дома со Нови Сад илјадници гледачи насолзени и со бес бараа блиска средба со судијата. Се случи инцидент со многу казни. Му пристапив на Раднички и се преселив во Ниш – кажуваше Димоски.

Тој завршил Виша тренерска школа во 1976 година.

– Дебитирав како тренер во нишки “Раднички” во 1982 година. Настапивме во купот на УЕФА. Ги водев Приштина, Пелистер, Вардар, Победа, Работнички, Напредок, Осогово”, Саса… Најсилни се впечатоците за Победа, водена од Симон Наумоски, кога функционираше како швајцарски саат – се потсетуваше Мајсторот.

Животот го минал со фудбалот. Се што спечалил е со топката. Скоро две децении другарувал со квалитетни фудбалери, бил и тренер, ама не станал репрезентативец. Бил во поширокиот состав, не нашол место во “А” репрезентацијата.

Мајсторот од ракомет

Малкумина знаат дека прекарот Мајсторот не го добил како фудбалер, туку како ракометар од педесетите години, кога ги играл добро сите мали спортови. Имал силен и одмерен удар, а во една прилика кога топката ја упатил кон голот на Келтаноски, таа удрила во гредата и се парчосала. Се прераскажувало како младиот бек Домчето, израснато без родители, е мајстор за ракомет и има страотен удар. Така публиката почнала да го ословува со прекарот Мајсторот, што го носеше до смртта и во Ниш.    

Loading