Државен натпревар по 16 години

Радиоаматери

Реактивираниот радио клуб “Никола Тесла” организираше Државен натпревар во две дисциплини кај манастирот во селото Селце заедно со Радиоаматерскиот сојуз по пауза од 16 години. Домаќинот се покажа во врвно светло како организатор и во резултатите. Први беа Наталија Кочоска, Ангела Кочоска, Кристина Крстеска, Филип Рујаноски, Филип Лазоски, Дејан Тодороски, Жарко Колевски и Никола Спиркоски.

Во АРГ- аматерска радиогониометрија или откривање скриени радиостаници, настапија 30, а во ХСТ – брзо предавање и примање на морзеови знаци беа 100 учесници. 

Loading