Поетски рецитал Бели Мугри

Afinmiteti za recitali vo OU Koco RacinУчениците од IV-в одделение од ОУ Коцо Рацин се претставија со поетскиот рецитал БЕЛИ МУГРИ. 19 ученици, со целосна посветеност и ангажман, ги надминаа своите можности (според возраста и искуството). Во еден здив стиховите на Кочо Рацин, ги пренесоа Ксенија Андоноска, Нина Димеска, Давид Велкоски, Мила Москов, Атанасиос Карабунарлис и Теа Димоска. Нив ги дополнија соучениците со музичка придружба на пијано и виолина и сценска драматизација. Проектот започна на иницијатива на родителот Виктор Андоноски, кој заедно со одделенскиот раководител Ванчо Спиркоски ги подготвуваа учениците три месеци.

 Рециталот премиера имаше во Библиотеката. Оваа активност е за поздравување ако се знае дека се работи за деца од 10 години, кои учествуваат во еден сериозен проект на училишно-родителска соработка.

Loading