Деветтоодделенката Леона Митревска од ОУ “Рампо Левката” од мала ја сакала сцената. Одвај чекала приредби во градинката да може да се “избендери” без трема. Веќе две години е заљубена во сцената. Редовна е на училишните драматизација. Често, вешто се снајдува и со микрофот, водејќи приредби, смотри… Одржувањето контакт со публиката и драматизациите í помогнале без проблем да се пробие и како водителка. Дарбата за актерство две години ја усовршува во драмската секција Креативити. Со лесностија и без срам ги изведува кратките вежби на глума, а поднаучила и теорија за актерството.
– Актерите можат да бидат што и да посакаат. Кога глумам се чувствувам прекрасно. Актерството ми лежи и ми е преокупација и желба. Се стремам да го живеам сонот – вели Митревска.
Посебно блесна заедно со 14 “колеги – актери”. Ја создадоа урнебесната детска претстава “Кој е крив”. Во ролјата на Црвенкапа, еден од омилените јунаци од приказните, беше природна и ја долови улогата импресивно и автентично. Иако аматери, им се доближија на професионалците. Две-три недели ги полнеа салите со деца, “гладни” за смеа и уживање. Затоа стигна и покана од драмскиот фестивал за аматери во Кочани.
Талентот на Митревска се препознава. Со драмата нема мака, а со учењето уште помалку. Беше избрана за првенец на генерација во училиштето. Се закити и со титулата Најученик на Зенитпетка.
![]()

