Играме “брза географија”

ОУ Добре Јованоски

Reka na bukvata Z - sedmoodelencite od OU Dobre JovanoskiЗа малку ќе се заборавеше како се играше брза географија, ако седмоодделенците од ОУ “Добре Јованоски” на интересен начин не нé потсетија. Под менторство на наставничката Светлана Петковска, организираа училишен квиз “брза географија”. Стекнатото знаење од часовите го користеа за брзо размислување. Се натпреваруваа кој колку запамтил за државите, градовите, реките… Поделени во машки и женски екипи блескаа во познавањата по географија. Од машките “најјака” беше екипата на 7-1 одд. По нив следеа екипите од 7-2 и 7-3 одделение. Девојките од 7-1 беа повешти, па го грабнаа првото место, а втори и трети беа 7-4 и 7-5 одделение.

Ги “застрвија” и повозрасните да се вратат на детството. Не е исклучено наесен да бијат мегдан и со ливче и наливче и да играат “На буква, на буква”. 

Loading