Победа со една нога во Втора лига

Фудбал

– Остварена огромна предност од 4-1 со Беласица

Uspesna poddrskaНавивачите на Победа веќе слават влез во Втората лига. Имаат право после првиот бараж дуел и победата во Скопје од 4-1 над Беласица. Предноста со головите на Мегленски од пенал, два на Д. Здравески и Аломеровиќ е речиси недостижна, сепак во екипата на тренерот Дарко Крстески не размислуваат дека сé е готово, оти остануваат уште 90 минути в недела на истиот терен во Ѓорче Петров. Се потврдува зрелоста на клубот и за ден-два и место во највисокиот ранг. Но, се оди постепено, по ред. Заслугата е и на навивачите, кои ја поддржуваа победа со новокомпонирани песни уште на тренинг, а и на стадионот во Скопје. В недела пак со истиот план, прво ќе се соберат масовно, а потоа со караван автобуси ќе патуваат да го прослават успехот. Во исто време, во Прилеп е дуелот Љубанци – Велешта, каде е истата предност, 4-1 за Љубанци.

Интересна е и Општинската лига, каде во финалето Илинден Долнени славеше со 1-0 над Младост Кривогаштани. 

Loading