Небојша Стојковиќ
Некогашниот стопер на Победа, Небојша Стојковиќ, доби големи почести во Махачкала, Русија, каде присуствуваше на прославата на ФК Анжи, по повод пласманот во елитната Премиер лига. Прилепскиот зет таму играше од 2000 до 2005 и по цели 10 години не го заборавиле, туку подготвиле свечен дочек и испраќање како за сите големи ѕвезди. По примерот на Холивуд, неговото име е запишано во просторот на играчите кои ја граделе историјата на клубот, како Бразилецот Карлос и Камерунецот Ето.
– Двата дена се незаборавни. На големиот стадион, пред 15 илјади гледачи одигравме ревијален меч, на кој ние ветераните од Анжи со 4-1 ги совладавме врсниците од репрезентацијата на Русија, со Титов, Алејничев… На секој чекор добивавме почести, подароци. Фантастично нешто, ми се врати желбата за фудбал – вели Стојковиќ.
![]()

