Ансаблот на театарот се закити со уште едно меѓународно признание. Овој пат театарот е прогласен за најдобар, одигрувајќи ја претставата Буре барут од Дејан Дуковски, во режија на Наташа Поплавска, на петтиот меѓународен фестивал на НЕТА во Враца, Бугарија, каде се одржуваше напоредно со 26. интернационален фестивал на камерна сцена.
Жирито сметало дека ансамблот одиграл маестрално.
– Наградата е заради високто професионално ниво на актерската игра, која се одликува со сугестивност и ентузијазам – вели членот на жирито, театрологот Тодор Кузманов.