Мода од ѓубре

СОУ Ѓорче Петров

Neobicni kreacii prodefiliraa na 'modnata pista'Вредните раце на учениците од СОУ “Ѓорче Петров” со поддршка на професорката по уметност Марта Макеска и на неколку други професори, ги претворија хартијата, најлонот, фолијата, пластиката и металните отпадоци во интересни креации на фустани, блузи, здолништа, панталони, наметки и оригинален накит. Учесниците дотерани со шминка и фризури, продефилираа на “модната писта” пред публиката од професори, ученици и гости, докажувајќи дека младоста, желбата, инспирацијата, вештината и упорноста од “ѓубрето” создаваат уметност. Најуспешната креација ќе го претставува училиштето на државната манифестација “Мода од ѓубре” во јуни  во Скопје.

А група ученици конфекционери со професорката Здравка Најдоска ги посетија дисперзираните студии на универзитетот “Гоце Делчев” во градов. Разгледувајќи ги условите за работа на современо опремениот простор, матурантите имаа можност да добијат исцрпни информации за студирање на дисперзираните студии по текстил, дизајн и менаџмент. 

Loading