Државен првак по биологија

Stankoska so mentorot PrispanoskiРадоста на Ангела Станкоска од деветто одделение од ОУ “Кочо Рацин” немаше крај кога ја прогласија за најдобра меѓу најдобрите на државниот натпревар по биологија. Не í сефте. Лани, знаењето ја однесе до регионален и трето место. Годинава, со надградени знаења, била прва на локално и втора на регионално ниво. Покрај малото разочарување за втората позиција, многуте поени í овозможиле да се докажува и на државно. Со совладано градиво, верба во себе и поддршка од менторот Љупчо Преспаноски, меѓу силната конкуренција се изборила за врвот.

– Беше тешко. Ги повторив материјалите и од осмо и од деветто одделение и се надминав себе си. Ако ја сакаш, биологијата не е многу тешка наука – вели Станкоска, на која овој предмет í е омилен и сака и во средно да продолжи во оваа насока.

Менторот е задоволен од покажаните знаења. Додава дека значајно е учеството, а од толку надарени деца, своја ученичка да успее да се искачи на челното место, предизвикува чувство на восхит. 

Loading