Првпат годинава, во деветто одделение се изучува предметот Иновации, за кај учениците да се поттикне претприемничкиот дух. Припомош излегоа професорите Цветанка Димоска, Гоце Бурнески, Илчо Јорданоски и Даниела Мицеска од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”.
На часовите, учениците од ОУ “Блаже Конески”, “Гоце Делчев”, “Климент Охридски” и “Добре Јованоски” изработуваа флаери, постери на хамери, во електронска форма и друг рекламен материјал со логото на економското училиште.
Деветтоодделенците се воодушевени од интерактивната настава, особено од можноста да ја изразат креативноста, да дизајнираат производ, амбалажа, да креираат најразлични рекламни материјали, стекнувајќи вештини и знаења за иновации и претприемништво.
Учејќи да ги препознаваат можностите и иновациите, се оспособуваа и за планирање на буџетот, за кариерниот развој, стекнуваат способности за барање работа или, сé на сé, се насочуваа да размислуваат за својата иднина.