На деветтоодделенецот Димитриј Младеновски од ОУ “Блаже Конески” англискиот му оди како подмачкано. Воден од наставничката Марга Магдеска се искачи на пиедесталот на меѓународниот ХИППО натпревар по англиски. Како единствен првак го претставуваше училиштето, градот и државата на светскиот натпревар во Италија. Во силна конкуренција, меѓу финалистите – “англичани” од целиот свет, успеа да се избори за шестото место. Со признание за учеството се закитија и директорката Марија Дулевска и менторот. Во тридневниот престој во Лидо Ди Јесол, уживаа и во прошетките, разгледувајќи ги италијанските убавини.
Коневци продолжуваат со бројни успеси и во спортот. Од државниот натпревар по футсал во Скопје, под менторство на наставникот Тони Николоски, се вратија “посребрени”. Освојувајќи го второто место во футсал, скопјаните ги испрати со нови велосипеди.