Надежни физичари

ОУ Гоце Делчев

Fizicarite od OU 'Goce Delcev'Учениците од ОУ “Гоце Делчев”, освен по математика, континуирано нижат врвни резултати и на натпреварите по физика. На регионалниот, од шестте ученици, Елена Ангелеска и Габриела Лазоска освојувајќи трето место, а Марија Нашулоска, Ивана Дамјаноска и Емилија Џајкоска пофалница, успеаја да се пласираат на државниот натпревар. Најдобрата екипа по физика од градов, не застана тука. Со напорна работа и позитивна енергија се искачија на пиедесталот и на државниот. Марија го освои второто, Елена трето место, а Емилија се закити со пофалница за успешно учество. Заедно со менторот Соња Димовска покажаа дека работата и истрајноста се рецепт за успех. 

Loading