Бараж на 3 и 7 јуни

Фудбал

Според одлуката на ФФМ баражите за Втора лига се на 3 и 7 јуни, на неутрален терен, двапати со ист противник. Од шест тима трите победници одат во второлигашкото друштво. Победа веќе е во подготовка за најзначајните мечеви сезонава, по најновиот првенствен триумф дома со 2-0 над Превалец, а во последното коло службено се впишани бодовите на гости со Бабуна, поради откажувањето на тимот од Мартолци. Пехарот дојде во рацете на капитенот Тони Мегленски и  со нетрпение се чека ждрепката, во која како можни ривали ќе бидат останатите третолигашки прваци Беласица, Велешта, Зајас и Љубанци. Во извлекувањето е и осмиот второлигаш, Еуромилк, Кожуф, Влазерими или Скопје.

Има време за контролен меч на Победа.

Loading