Два меча до титула

Илија Несторовски

На пат за пласман во Првата лига на Хрватска е екипата Интер Запрешиќ, на нашиот фудбалски интернационалец Илија Несторовски. Има шанси за елитата директно, ако го сочува првото второлигашко место, каде е моментно, по 31. коло со 54 бода, три повеќе од Горица. На последниот меч со два гола прилепчанецот придонесе за триумфот од 3-0 дома против Сесвете. На листата од стрелците тој убедливо води со 23 гола, пред Пуљиќ од Цибајлија со 15. Претстојат две кола за епилог, дома со седмопласираното Дугопоље и на гости кај директниот конкурент Горица.

Второпласираниот игра бараж за Прва лига.

Loading