Мексикански такос со македонскиот вкус

СОУ Кузман Јосифоски – Питу

Ekonomski takosАнглиската секција при СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” со американската волонтерка Сузан Шел и професорката Фросина Николоска, организираа мексикански празник, кој се слави и во САД. Слушајќи маријачи музика и вкусувајќи мексиканска храна, низ презентација осознаваа за празникот. Уживаа во дружењето, воодушевувајќи се од спецификата на мексиканскиот сендвич, такос,  со македонски зачини. Предложија ваквите настани да преминат во традиција на интеркултурни ручеци да не им биде чудно кога ќе шетаат по странство. 

Loading