Денови на Крали Марко

Во среда, 20 мај, во дворот од црквата Св. Никола, во Варош, ќе се одржи традиционалната манифестација Денови на Крали Марко, организирана од ЛС. Според Снежана Ристеска, советник за култура во општината, од 11 часот во дворот од црквата ќе се одржи историски час посветен на Крали Марко, ќе има литературно читање, како и ликовна колонија. Во програмата ќе се вклучат учениците од сите основни училишта.

Во Библиотеката ќе се одржи и предавање на тема “Крали Марко”.

Loading