“Дрен” на платно

Dren na platnoПејзажи, мртва природа, апстракции се дел од сликите што од денеска ќе бидат изложени во галеријата од ЦК “Марко Цепенков”. Ќе се ужива во делата создадени од 20 странски уметници кои учествуваа на интернационалната ликовна колонија Дрен изминатите пет години.

Ќе бидат претставени уметници од Русија, Бугарија, Србија, Полска, Словенија, меѓу кои Светлана Солодовникова, Павлина Копано, Мита Ристиќ, Агнешка Шератска, Александар Белугин, Олга Панкина, Наталија Мијатов, Венера Константинова, Светлана Вахнина и други, кои оставија слики во трајно наследство на Центарот и на Македонија.

Loading