АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Со Устав не може да се тргува.

*

Некои сеуште очекуваат фрленото сидро да повлече напред.

*

Се фали дека давал плата на вработените, но не кажува колку милиони му дале тие.

*

Од мачиња не можат да произлезат лавови.

*

Во политиката не смее да има место за мангупи.

*

Кој не учи од грешките во минатото, истото ќе го прави и во иднина.

*

Кој на сила дошол на власт, на сила и ќе си оди.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading