ПЛЕТВАРСКИ ВАГОНЧИЊА

Жичарница со вагончиња за транспорт на материјали кренале Германците во Првата светска војна. Ја совладале дивата природа со старомодна техника, со коњи и волови. Макотрпнно било скротувањето на пустелијата погодна само за козите. Многу луѓе и народ со пот ги освојувале височината и надолнината и зиме и лето да се кренат столбовите за да се постави сајлата, која ќе се движи од генератор на пареа и ќе носи товар на вагончиња на десетината километри од жичарницата. Краток бил векот, оти честа била во дефект.

Затоа Германците почнале да ја градат тесната железничка линија низ превојот Плетвар по патеката што ја исцртало движењето на магаре. Инженерите не можеле да најдат формула како да се искачи угорнината со силата на парните локомотиви. Пуштиле магаре нагоре да им каже каде да се поставуваат шините, кои денес се ограда на дел од ОУ “Рампо Левката”.

Loading