ПЛАНОТ Е НОВИ 8 БОДА

Пинг-понг

В недела се на ред нови две кола, 13. и 14., од Супер-лигата на Македонија во пинг-понг. Двата прилепски тима, Младост 96 и Младост, имаат планови за постигнување по две победи и освојување уште по четири бода. Тоа е остварливо, ако се знае дека противничките екипи се подолу на табелата. Тимот Младост 96 за противници ги има скопски Вардар и Крива Паланка 2007, а Младост го очекуваат дуели со Крива Паланка 2007 и со Берово.

Табела: Крива Паланка 24, Младост 96 – 23, Младост 20, Телеком нец 2 – 19, Шампион ФА 18, Вардар и Пелагонија 17, Берово 16, Работнички и Крива Паланка 2007 – 13.

Loading