Трета лига – Југ
Претстои интересно трето коло од Третата лига – Југ. В недела (15 ч.) на теренот со вештачка трева Ултрас го чека велешки Превалец. Прилепската екипа очигледно има амбиции за висок пласман, по двете победи – дома со Младост и на гости кај Бучин со 3:1, преку два гола на Игор Паноски и еден на Славчо Стојчески, наспроти домашниот на Христијан Тошески. За Превалец, кој лани беше втор на табелата, претстои шанса за поправање, по ремито во Бучин и поразот дома од Големо Коњари 1:3, со единствениот даден гол на Ангел Гаштев, а примените три од Михо Андреевски, Онур Имероски и Виктор Тошески. Други мечеви за в недела: Башкими – Бучин, Влазними јуниор – Росоман, Дреново – Обршани, Питу Гули – Венец, Големо Коњари – Слога.
Од претходното коло интересно е што Слога го совлада Питу Гули со 2:0, Обршани загуби од Влазними јуниор со 1:3, Младост и Башкими одиграа 1:1.