Ракомет: Супер лига
В сабота (18,30 часот) е меч за преполна сала со публика во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Доаѓа силниот тим на Охрид, на дуел со амбициозниот Прилеп, во 3. рунда од Супер лигата за мажи. Есенва двата тима немаат пораз – Охрид има две победи, на гости со Радовиш 36:18 и дома со Бутел 26:23, а Прилеп реми дома со Пролет 30:30 и победа на гости со Куманово 36:35. На овој драматичен меч на крајот победоносниот гол го даде пивотот, Хрватот Томислав Квастек, додека гостински голгетери беа Денис Шабановиќ со 10, Пеце Рајатовски со 8, Христи Бикоски со 5 гола.
Во 2. рунда од Супер женската лига, В-група, Ѓорче Петров – Деспина 43:13. Следи мечот дома (в недела во 18,30 ч.), Деспина со Спартак од Скопје.