ТРИУМФ ЗА ДВЕ МЕСТА ПОГОРЕ

Фудбал: Победа

Уште едно добро пролетно издание на младиот состав на Победа. На гостувањето во Радовиш, Детонит – Победа 1:1. Голот за прилепскиот тим е дело на Давид Дебрешлиоски. Така, Победа оваа сезона нема пораз од третиот на табелата, Детонит, ако се земе предвид дека есеноска во Прилеп беше 2:0 за неа. В сабота (15 ч.) на Градскиот стадион “Гоце Делчев” е дуелот со гевгелиски Кожуф. Евентуелните три бода можат прилепската екипа да ја однесат две места погоре на табелата, над Новаци и Тетекс, доколку овие два тима не успеат да победат со Охрид и Вардар.

Табела: Беса 60, Пелистер 54, Детонит 46, Арсими 41,Охрид 37, Скопје 35, Башкими 31, Беласица 30, Вардар Н. и Кожуф 28, Тетекс и Новаци 24, Победа 23, Осогово 20, Саса 17, Караорман 15.

Loading