ТРИ ТИМА ГО БРКААТ БОРЕЦ

Трета лига – Југ

Во Третата лига – Југ се одигра 16. рунда. Трката за врвот и натаму е интересна. Лидерот Борец успеа да победи со 4:3 во Крушево, но со победнички гол на две минути пред крајот, од пенал. И другите кандидати за врвот победија: Големо Коњари со 6:0 во Марена, Превалец со 9:1 над Младост, Росоман со 4:0 против Локомотива. Така, на табелата зад Борец се трите тима со по три бода помалку. В недела Големо Коњари гостува кај Младост во Кривогаштани, Росоман оди во Бучин, Борец игра дерби со Превалец.

Табела: Борец 33, Росоман, Превалец и Големо Коњари 30, Слога 22, Питу Гули 21, Младост 18, Ултрас 14, Марена 11, Локомотива 10, Бучин 7.

Loading