ПЛЕЈОФ ПРОТИВ НАЈДОБРИОТ

Кошарка

Екипата Мега баскет избори пласман во плејофот, меѓу осумте најдобри. Во последното коло од основниот дел на Втората кошаркарска лига. во Скопје, Работнички – Мега баскет 71:73. Само еден кош, два поена, но вредни за да се надмине на табелата Водно, тим кој дома во Скопје загуби од штипските Соколи со 90:101. Двата услови се исполнија – Водно да загуби, Мега баскет да победи.

– Браво момци! Во плејофот играме против непоразениот МКК Куманово. Следува голема борба – е пораката од клубот Мега баскет.

Табела: МКК Куманово 40, Шкупи 36, Маџари 35, Ангели 33, МЗТ Уни 31, Соколи 29, Борец 28, Мега баскет 27, Водно 26, Работнички 23, Тетекс 22. Според табелата се и четвртфиналните двојки: МКК Куманово – Мега баскет, Шкупи – Борец, Маџари – Соколи, Ангели – МЗТ Уни банка. Првиот дуел МКК Куманово – Мега баскет е в недела во Куманово, а реваншот во Прилеп најверојатно во вторник.

Loading