ДЕСПИНА ПРОТИВ СИЛНИОТ ЧАИР

Ракомет

Викендов е 19. рунда од Супер-женската лига на Македонија во ракомет. Екипата Деспина има тешки противници во серија. Пред две недели беше гостувањето кај Ѓорче Петров во Скопје и поразот од 34:20, а по паузата следи мечот дома (сала на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”) со уште еден силен скопски тим, Чаир. Дека ќе биде тешко за прилепчанките наведува изгледот на табелата – Деспина деветта со 19, Чаир на третото место со 46 бода. Треба да се има предвид и есенскиот дуел во Скопје, каде Чаир победи со 40:22.

Во плејаутот на Супер-лигата за мажи, по поразот 31:22 од Еурофарм Пелистер 2 во Битола, Прилеп во средата одигра кај Скопје, а викендов е домаќин на скопски Голден арт.

Loading