„МАРИОВСКИТЕ НАРОДНИ НОСИИ 2 – НИЗ КРЕАТИВНИТЕ РАЦЕ“

НУ Завод и музеј во соработка со ОУ “Гоце Делчев” го реализира проектот “Мариовските народни носии 2 – низ креативните раце”, што вклучува едукација и популаризација на нашето културно наследство на ученици од повеќе училишта од Прилеп.

Во едукацијата најпрво беа опфатени пет училишта, две основни и три средни, ОУ “Кочо Рацин”, ОУ “Гоце Делчев”, СОУ “Ристе Р. Ричко”, СОУ гимназијата “Мирче Ацев”, и СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, каде заинтересираноста беше поголема од минатата година.

Носител на проектот е м-р. Маја Ралева Миладиновски и надворешниот соработник етнолог м-р. Горан Василески од Институт за старословенска култура.

– Вклучени се и наставниците и професорите Павлинче Велјановска, Методи Исков, Филип Перески и Александар Џинго. Заедно го изведуваме едукативното предавање на тема “Автентичноста на мариовската народна носија со сите нејзини впечатливи атрибути со акцент на украсните елементи” и работилницата за изработка на хартиени кукли “Мариовки”, чија цел е едукативно-креативно изразување и дружење на учениците преку создавање решенија од ликовно едукативен карактер. Ќе има и работилница за хартиени кукли “Мариовки” со акцент на украсувањето (поточно секое дете ќе има можност да го рефлектира своето видување и впечатокот кој најмногу му се допаднал од оригиналните носии кои годинава имаат можност да ги видат и подетално да ги разгледаат и пробаат на лице место) – вели Маја Р.Миладиновски.                       

Loading