,,Буре барут“ на фестивал во Враца

Bure barut na uste edna festivalska scenaАнсамблот на театарот со претставата ,,Буре барут“ од Дејан Дуковски, во режија на Наташа Поплавска ќе го отвори Фестивалот на камерна сцена во Враца. Гостувањето е со поддршка на Министерството за култура. На 26. издание на фестивалот нашиот театар е во друштво со колеги од Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Романија и Русија.

Публиката ќе има можност да ја проследи претставата во која Поплавска режисерската поставка ја канализира во правецот на покажување на љубовта и емоциите и го поставува прашањето Зошто.

Претставата ,,Буре барут“ ја гледаа и во Црна Гора, на фестивалот на глумци во Никшиќ, од каде Даниела Иваноска се врати со награда.

Loading