Прилепчани на Скопски маратон

Атлетика

Викендов е најзначајната атлетска меѓународна манифестација Скопски маратон, во повеќе дисциплини и категории. Најдолгата е 42 километри. За прилепските претставници примамлив е полумаратонот од 21 километар. Таму лани успешно се претставија кај мажите Илија Пајмакоски со седмо место, Саше Јаковлески со 24-то, кај девојките, сестрите Чкрипески, седма беше Милена, а 26-та Мери. Конкуренцијата и годинава е страшна, најавени се повеќе илјади учесници од сите континенти. Главните фаворити се од Кенија.

Полумаратонот најдобрите го истрчуваат за час и 10 минути, а жените за час ипол.

Loading