Фудбал
Триумфот од 5-0 над Д. Езеро, за Победа значи прво место во Третата лига – Југ и учество во баражот за Втората лига. Преостанатите три првенствени меча се подготовка за пресудните два дуели со еден противник на неутрален терен. Не само по името, туку и според сегашната организираност како клуб и квалитет на тимот, Победа важи за фаворит број еден без оглед на ждрепката. Меѓутоа, респект, барем пред почетокот на мечевите секако ќе има против ривалот. Засега второлигашки кандидат за противник е осмиот Еуромилк, три бода покус од Скопје и Кожуф на четири кола до крајот. Од третите лиги има уште четири противници. Најсигурно е Љубанци со три меча помалку и пет бода предност пред Фортуна во групата Север. Во југозападната група Велешта има пет бода предност пред Преспа, а во источната, Беласица е четири бода пред Плачковица.
Најнеизвесна е западната каде Зајас има само бод повеќе од Камјани.