Меч кога умре Тито

Историја

На 4 мај 1980 се играше првенственото коло од Втората југословенска лига, а Победа гостуваше на Сутјеска во Никшиќ. Мечот беше важен за опстанок. Навивачите беа крај радиоприемниците. За поразот од 1-0 доцна се разбра, оти на програмата повеќе одеше класична музика, отколку спорт. Причина беше исчекувањето околу критичната здравствена состојба на претседателот Тито.

– Првиот човек на домашниот клуб, воено лице, седна до мене и се размуабетивме. На почетокот на мечот дојде некој човек како исплашен и нешто му шепна на претседателот. Тој се извини дека ќе излезел малку и ќе се врател. Излезе и не се врати. Кога си заминувавме, во автобусот слушнавме дека умрел Тито – се потсети еден член од тогашната управа на Победа.

Loading