Обука, саем и што ли не…

Ucilisni kompanii na Art plostadotСОУ Кузман Јосифоски – Питу како домаќин ги собра наставниците по англиски јазик од основните и средните училишта на десиминација за обука за професионално усовршување на наставниот кадар. “Виновници” за работилницата беа професорките Весна Миланоска и Христина Бозоска, кои минаа обуки во Англија преку програмата Еразмус+. Несебично, пред колегите, низ практични материјали и вежби ги споделија стекнатите искуства, покажувајќи им ги вештините и начините за унапредување на наставата. За учеството добија сертификати.

direktorkata Spasija i gradonacalnikot Risteski na saemot na ucilisni kompaniiЕкономско го “преплави” и Арт плоштадот со штандови од училишни компании како производ на инвенцијата на учениците од четврта година од профилите економски техничар и техничар за трговија и маркетинг и нивните ментори. Повод беше Саемот, односно Денот на училишни компании, организиран веќе седма година. Преку виртуелна трговија, знаењата, вештините и претприемачкиот дух од четирите години ги демонстрираа пред љубопитните посетители. На саемот имаа и гости од економското од Струмица, а во иднина очекуваат економисти и од балканските земји.  

Loading