Гимфест – спој на музиката со хуманоста

Гимназија Мирче Ацев

Вечерва, од 19.30 ч. во ЦК Марко Цепенко гимназијалците ќе блеснат со нивните музички таленти на петтиот Гимфест. Правејќи спој на хуманоста со музичкиот хепенинг, ќе се обидат да потврдат дека се надарени не само за учење, туку и за пеење, свирење и дека располагаат со други кретивни квалитети. Во изобилството од вокални точки, со песна ќе ги почести специјалниот гостин, Елена Ристеска.             Фестивалот е поддржан од бројни фирми, а собраните средства се наменети за учениците кои ќе учествуваат на Светската олимпијада.

Loading