Средношколски иновации кај основците

Prosetka niz 'Rezonator' - OU 'Kire...'Професори од економско одржуваат настава за иновации низ ОУ, основците да се запознаат со иновациите од друг агол. Професорката Анета Наумческа ги прошета деветтоодделенците од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” во салонот за мебел Ивана. Ги разгледаа производствениот и административниот сектор и изложбениот салон и практично се запознаа со работата на фирмата. Домаќините посакаа да станат успешни претприемачи.

Деветтоодделенците од ОУ “Кочо Рацин”, учејќи за маркетинг и продажба по предметот Иновации со професорката Софија Димоска, ја искажаа креативноста преку изработување постери, флаери, брошури и друг рекламен материјал со логото на економското училиште “Ваш избор – ваша иднина”.

Преку стекнување на знаења и вештини од областа на претприемништвото и иновациите, учениците развиваат иницијативност, креативност, претприемачки дух и иновативно размислување. 

Loading