Искуства од земјата на цвеќињата

СОУ Орде Чопела

Vooruzani so novi znaenja za biznis vo zemjodelietoУчениците од трета година, Марио Дурдубаков и Стефанија Миноска предводени од професорката Ружица Јагуриноска од СОУ “Орде Чопела” отидоа во Холандија да научат како да основаат своја фирма и да профитираат. Двонеделната обука за претприемништво во земјоделието е трета преку програмата Еразмус +. Едниот техничар за агроменаџмент, другиот за хортикултура, проследиле теоретски предавања на англиски од истакнат доктор по земјоделие и вршеле мониторниг како една фирма опстојува низ фаза на транзиција, на кој начин дејноста се унапредила, а профитот останал ист или тргнал во нагорна линија.

– Беше интересно доживување, оти фунцкионирањето на фирмите многу се разликува од кај нас. Невобичаено ми беше што фармите за одгледување млечни крави стануваат забавно и едукативно катче за децата каде можат да видат од каде доаѓа млекото, но и таму да одржуваат роденденски забави – вели Марио.

И Миноска е полна со впечатоци од земјата на цвеќињата, додавајќи дека го усовршила веќе стекнатото знаење за цвеќињата, посебно за начините на нивно комбинирање.

– Научивме нови технологии за производство на зеленчук и цвеќе. Посетивме изложбени салони и се запознавме со разни видови цвеќиња – вели Стефанија.

Двајцата присуствувале на најголемата аукција за цвеќе, каде го гледале наддавањето и формирањето на цените на одреден вид на цвеќе. Посебно биле воодушевени од количеството цвеќе кое се испорачува секојдневно во целиот свет. И професорката Јагуриноска не го крие задоволството од новото искуство за хортикултурата, оти ги предава тие предмети. Добиле нови идеи, кои теоретски ги разработувале на работилници и одвај чекаат стекнатите искуства од Холандија да ги поделат со соучениците и да ги применат. 

Loading