И тато и мама станаа наставници

Kreativna nastava so mesenje testo so tatko  - OU 'Dobre Jovanoski'Петтоодделенците од ОУ Добре Јованоски со вредните рачиња му помагаа на родителот Зоран Михајлоски во активноста родител-наставник. Пекарот својот занает им го пренесе на креативен начин, а радоста на дечињата немаше крај, кога и тие вмешаа прсти во месење на тестото за лепче. 

А на учениците од 8-3 одделение од ОУ “Климент Охридски”, родителот Наташа Најдоска, им раскажуваше за причините, симптомите и начините на справување со алергиите. Предавањето побуди интерес поради зачестеност на алергиските реакции.

Loading