Четири децении успешно постоење

ОУ Гоце Делчев

– Монографија за почетоците, инвестициите, иновациите во образовниот процес, како и за постигнувањата на учениците

Dodeluvanje na blagodarnica za poddrska i sorabotka so LokalnataПрославувајќи го патрониот празник на великанот, чие име гордо го носат, ОУ “Гоце Делчев” имаше дополнителна причина за радоста да биде поголема. Одбележаа и 40 години од постоењето и напредокот на училиштето, кое можеме да го пофалиме дека се издигна до модерна воспитно – образовна установа каде стекнувањето знаења и позитивни навики стануваат приоритети. Со своите резултати и работа, училиштето заслужено е оценето како едно од трите најдобри во Македонија според државниот просветен инспекторат.

Monogafija za 4 deceniskiot jubilejПреку пригодна програма беа презентирани успесите на учениците на мноштво општински, регионални, државни и меѓународни натпревари, кои сведочат дека се движат по патот на нивниот патрон. Чествувањето на големиот ден го искористија на свечената програма во театарот да ја промовираат монографијата. Токму како што е и насловена “По патеката на успехот”, низ страниците се врежани чекорите низ кои минало училиштето, почнувајќи од првото ѕвонче, продолжувајќи со инвестициите, постигнувањата на учениците и залагањата на раководството, училиштето да ја добие денешната физиономија. Училиштето денес е втор дом за девет генерации, во кои наставниците несебично градат здрави личности, подготвени да ја продолжат едукацијата и да се стават во служба на личната и заедничката иднина.

Осовременување на наставата

Promoviranje na smart tabla za sovremena nastavaУчилишниот празник почна со положување цвеќе на Могилата на непобедените и пред бистата на Гоце Делчев во училишниот двор. На одбележувањето на патронатот присуствуваа градоначалникот Марјан Ристески, претседателот на советот м-р Никола Димески, советници од БРО, директори на основни и средни училишта, наставници и родители и други гости, почитувачи на ликот и делото на Делчев. Учениците и наставниците го покажаа новиот дизајн на хортикултурата на училишниот двор. Особен придонес во декорирањето на училишната средина дале вредните раце на децата, помогнати од родителите. Детската фантазија создаде пријатно катче за очите.

Традиционално се одмеруваа спортските сили во фудбал, одбојка и минибаскет меѓу училиштата. Се доделуваа дипломи на наградените ученици, добиени на натпревари по различни поводи, како  изработки за Новогодишен базар, честитки и пораки за 8- ми Март, за маски за Прочка, изработки за Велигденски базар…

За патронатот се промовираа нова интерактивна, паметна табла, и 2 мимио табли, со кои учењето значително се олеснува и станува забава, а не товар.

По патеката на успехот

Minaa-generaciiУчилишната химна ја означи свечената програма во театарот. Учениците пееја за нивниот втор дом, во кој тие вредно учат и се дружат, следејќи го гоцевиот пат.

Директорот Трајче Каралиоски оцени дека училиштето е големо семејство каде едни даваат, а други примаат знаење. Последниве години е евидентен драстичен напредок не само на полето на подобрувањето на условите за учениците.

Najmalite gi napolnija srcata na prisutniteГрадоначалникот Марјан Ристески рече дека локалната самоуправа инвестирала околу еден милион евра и продолжува да вложува во образованието и едукацијата на најмладите, оти тие се најбитни. Тој најави градба на балон спортска сала, уредување на дворното место и комплетна реконструкција на санитариите.

Беа доделени благодарници до локалната, основните и средните училишта за постојаната поддршка и заедничка соработка. Со признанија се закитија учениците за многубројните постигнувања на општинските, регионалните, државните и меѓународните натпревари по математика, физика, биологија, хемија, географија, македонски, англиски, француски, музичко, ликовно образование и ФЗО. За посебното залагање за училиштето, признанија им се врачи на наставничката Виолета Пепељугоска, добитник на Третоноемвриска награда и на психологот Лилјана Дунимаглоска.

Четиридеценискиот јубилеј е уште една потврда дека ОУ “Гоце Делчев” континуирано се движи напред со залагања за развој на современо образование во кое преку активни методи ги подржуваат и насочуваат учениците да бидат иднината на нашата земја како градители на современ свет на иновации и креативност.

Реферат за Делчев

За годишнината од убиството на Гоце Делчев, наставничката Билјана Јагуриноска прочита реферат за животот и делото на патронот. Не заостануваше и хорската изведба. Програмата изобилуваше и со рецитали од најмалите и најголемите, посветени на Делчев. Првачињата воодушевија со музичко сценската изведба “Пролет иди”. Атрактивна беше и точката на третоодделенците и од шестоодделенците, насловена “Порака за мир за сите деца во светот”. Приредбата ја заокружија со инструментални изведби на клавир,  виолина и синтисајзер.  

Loading