Цемак и на плочникот

Sefte so verski adet vo CemakУште една локација на менувачницата Цемак на браќата Тони и Миле Велески. Во строгиот центар на градот, на плочникот каде порано беше експозитурата на Стопанска банка, Цемак отвори нов модерен простор за вршење на менувачки работи и брз трансфер на пари, Вестерн унион. Во друштво со бројните гости и долгогодишни партнери, семејствата Велески, наместо шампањско, портата ја отворија со почитување на верските адети.

Во современ амбиент и опрема во посебен стил се врши експресна размена по најдобри курсеви без провизија на домашната парична единица за странски валути или други валути се претвораат во денари. Во соработка со Вестерн унион, во пријатна атмосфера и со секогаш насмеани и љубезни вработени, може да се добијат пари од странство и да се испратат на различни дестинации во светот за помалку од 10 минути.      

Препознатлив знак на реномираната фирма, која работи веќе 21 година на познатата локација во Старата чаршија,  е доминатната жолта боја во комбинација со црна.  

Loading