Пет згради со нова дограма

So zaem i opstinska poddrska do stedenje energijaСо проектот на УСАИД и Хабитат Македонија за енергетска ефикаснот за секторот домување, во кој е вклучен и Прилеп, пет станбени објекти добија нова дограма.

Повеќе од една година општината го спроведува проектот во рамки на кој е воспоставен обновлив фонд. Досега се сменија прозорците во две згради, и тоа едната на улиците “Васко Карангелески” и “Јоска Јорданоски”. И во два станбени објекти во населбата “Димо Нареднико” и еден во Точила, покрај промена на дограмата, во договор со станарите е регулирана промената на фасадата, стаклата на заедничките скали и промена на покривната конструкција, со што се подобрува енергетската ефикасност за најмалку 30 отсто. Средствата се обезбедени од обновливите фондови, како поволни заеми, кои се враќаат од три до десет години во зависност од условите и економската состојба на станарите.

Општината субвенционира до 50 отсто од средствата за промена на фасадите во зградите со социјално загрозени семејства.

Loading