Распрска фонтаната

Tancot na vodataПрска, “чади”, свири фонтаната пред Комерцијална. Жуборка водата под диригенство на сонцето. Се преливаат капките низ сончевите зраци. Виножито се создава низ танцот на капките во пролетта што тече. Низ маглишта од водена прашина, блескаат како бисери од различните млазеви. Извира фонтаната и зрачи ведрина. Плиска, се бранува низ “коритото”,  ги храни очите и ја полни душата  со радост. Привлекува за брцкање, иако не е пекол. Водата пее живот. 

Loading