Асфалт во индустриската зона Прилеп 1

Kinisaa valjacite za asfaltСе финализира инфраструктурата на поголем дел од индустриската  зона Прилеп 1. По завршните активности на фекалната и атмосферската канализација, водоводната мрежа, струјата и останатите комунални зафати, веќе се пристапува кон последната фаза асфалтирање на пристапот во должина од 700 метри, за што од буџетот на општината се издвоени 13 милиони денари. Досега е почната градбата на пет фабрики, а се очекува наскоро да се стават темели уште на две.

Градоначалникот Марјан Ристески истакна дека за потребите на инвеститорите во скоро време на продажба ќе бидат понудени повеќе од 10 парцели во индустриската зона Прилеп 2 кај Сточниот пазар.

Во тек се градежни активности околу изградба на потребната инфраструктура и подготовка на теренот во технолошко индустриско развојната зона Алинци, каде свој производствен капацитет треба да започни да гради американската фирма Гентерм.

Loading