Десетка на МАССУМ

СОУ Кузман Јосифоски – Питу

– Традиција стана економистите да се враќаат со полни раце награди

1. Osvojuvacite na desetkata na MASSUMИ годинава името на СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” одекнуваше на победничките листи на МАССУМ, на образовното рандеву во Велес. Не еднаш, дури десет пати! Ги повторија ланските достигнувања, грабнувајќи пак 10 медали во конкуренција од 43 училишта. Учествуваа 40 ученици во различни категории, спортски натпревари, маркетинг план, интервју за работа на македонски и англиски јазик, драма, штанд, видео презентација, филм, изработка на веб странива, кариерно портфолио и модна ревија. А освоените три први, четири втори и три трети места говорат за вложениот труд и интензивните подготовки на учениците и нивните ментори. Сребро грабнаа за маркетинг план, кариерно портфолио и за најдобра драмска претстава. Со сребро се закитија за штандот, кариерното портфолио, филмот, литературната творба. А трето место освоија во категориите кариерно портфолио, интервју за работа на македонски јазик и модна ревија.

2. Uspesite na ucenicite se gordost na ucilisteto - direktorkata Spasija N. Cuculeska– Исполнува кога учениците не запираат со постигнување блескави резултати. Овие успеси ќе бидат мотив и за новите генерации да освојуваат награди на вакви и слични натпревари. Се надеваме дека и ние прилепчани ќе бидеме домаќини на овој натпревар – изјави директорката Спасија Нешкоска Цуцулеска, горда на успесите на своите ученици и колеги.

Третпат први за маркетинг

Трета година по ред, освојуваат прва награда во категоријата маркетинг план. На Ивана Сурлаџиоска, Теодора Петровска, Марина Чупаркоска и Благојче Мојаноски, ученици од прва до четврта година, под менторство на Илчо Јорданоски и Менче Китаноска, сублимирањето на знаењата од различните генерации им донесе сребро за заедничкиот маркетинг план за виртуелна компанија Милки, како обележје на стручноста во бизнис подготовката.

3. Zlatniot tim za marketing plan– Млечната компанија нудеше млечни производи и ги задоволивме потребите на потрошувачите. Како иновација на фирмата ги издвоивме овошните млека. Покрај силната конкуренција, успеавме економското училиште да го претставиме во најдобро светло – вели Сурлаџиоска.

Знаењето беше наградено и со ваучер од 1500 евра од Бизнис Академијата Смилески, кој ќе го искористат како стипендија за оној кој ќе сака да продолжи да студира на овој универзитет.

 

 

Сребро за најдотераниот и најпосетуваниот штанд

4. Bogatiot stand na ekonomsko najdobar na MASSUMДесетмина економисти го дотерале училишниот штанд на кој ги промовираа образовните профили и си “лапнаа” сребро за најдобар штанд. Изобилството на рекламни публикации, од флаери, тефтери, папки, до приврзоци и алки со логото на училиштето и информациите пренесени од учениците го поттикнаа љубопитството за економското училиште, правејќи го штандот најатрактивен и најпосетен на МАССУМ. Многу деца се шетале низ Велес со алките на рацете со логото на прилепското училиште. 

 

 

Вчудоневидени од знаењата

5. Prvo, vtoro i treto mesto za karirerno portfolioКомисијата се изненадила од работата на учениците од СОУ “Кузман…” и од знаењата што ги покажале, под менторство на Јасминка Димоска и Цветанка Димоска. Жирито имало дилема дали смее да си дозволи први награди за најдобро кариерно портфолио да додели на едно исто училиште. Сепак се решило прво место да додели за Теодора Петровска, второ за Благојче Мојаноски и трето место за Сибела Мамудоска.

Првакот Петровска вели дека изработката на “златно” кариерно портфолио било предизвик и големо искуство да ги сублимира и презентира сите нејзини вештини, знаења и достигнувања во еден проект за патеката што ја изодила и она што го планира.

– Долго се подготвував и до последниот момент правев измени, за да го збогатам. Портфолиото би ми помогнало при барањето работа или ангажмани, волонтерство, работа на проекти, членство во организации – додава Петровска. 

За Мојаноски, натпреварот е искуство, но и дружење и  запознавање на врсници.

А третонаградената Мамудоска додава дека портфолиото е збир на сите активности и постигнати  награди, резиме за нивните цели. Мамудоска пеејќи за љубовта преку нејзината песна “Неспокој” се изборила и за второто место во категоријата литературна творба под менторство на Лидија Паноска.

“Љубовта секогаш победува”

6. Gran-pri za najdobra dramska pretstava“Подобри од професионални актери. Ако во животот одлучите да продолжите со драма, би биле успешни…”

Ова се коментарите кои ги добиле Наталија Трајкоска, Димитар Врглевски, Теодора Петровска, Стефанија Кржеска, Ѓорѓи Вељаноски, Сара Илјоска и Саше Аневски со менторот Лидија Паноска за претставата “Љубовта секогаш победува”. А дека љубовта не знае за порази, туку само за победи, па и во претставите, докажува освоената гран-при награда за најдобра претстава.

 

 

Сребро за штрковата населба

7. Vtora nagrada za filmot za Strkovata naselbaСара Вељаноска и Антонио Лозаноски, прикажувајќи на филмско платно како штрковите се собираат на едно место и да се заштитат како ретки птици во земјава, им донесе второ место во категоријата најдобар филм. Со апел за одржлив развој и еколошка свест, под менторство на Гоце Бунески и Гордана Тошеска го режираа, снимија и монтираа филмот “Штрковата населба” како проект за реализација во Кривогаштани. Веќе добиле поддршка и од градоначалникот Тони Заткоски.

Вељаноска и Лозаноски учествуваа и во категоријата за најдобра фотографија.

Трето место за интервју за работа

8. Ilieska so mentorot Dimoska se izbori za treta nagrada za intervju za rabotaВо силната конкуренција матурантката Ивана Илиеска под менторство на Јасминка Димоска и Татјана Талеска успеа да одговори на предизвикот за добивање работа и да се избори за третото место во категоријата интервју за работа на македонски јазик.

– Гордост е овој резултат. Натпреварот ми беше предизвик. Еден дел беше подготовка на документи и препораки, а другиот дел директната комуникација при реалното интервју за работа. Со претходните можности за интервју со менаџерот за човечки ресурси, Дражен Котески од Донија и Кирил Ристески од Викели, можев уште повеќе да се надградам и да бидам посигурна на натпреварот, да ја доизградам самодовербата. Помогна и пренесеното искуство од минатогодишната учесничка Ивана Ѓоргоска – вели Илиеска.

Бронза за мода

9. Manekenite sto osvoija treto mesto za modna revijaПрошетувањето по црвениот тепих на МАССУМ, дотерани во несекојдевни креации, изработени од рециклирачки материјали, на  Теодора Величковиќ, Кристина Паскоска, Тамара Здравеска, Александра Колевска, Елена Стојковска, Билјана Стојаноска, Фросина Штрлеска, Антонио Здравески, Денис Димоски и Дамјан Митрески под модната палка на Мери Најдоска им го донесе третото место во категоријата модна ревија.

Loading